Sunday, 12 July, 2026г.
russian english deutsch french spanish portuguese czech greek georgian chinese japanese korean indonesian turkish thai uzbek

пример: покупка автомобиля в Запорожье

 

66 год. од херојската смрт на Иљо Антевски Смок

66 год. од херојската смрт на Иљо Антевски СмокУ вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
16.05.09 Одбележана 66 годишнината од херојската смрт на истакнатиот првоборец и револуционер од Тетово, Иљо Антевски Смок На денешен ден пред точно 66 години во затворот во Тирана згаснаа животите на шестмина борци од Мавровско-гостиварскиот партизански одред "Кораб". Меѓу нив беше и тетовецот Иљо Антевски Смок. Денес делегација од Организацииите на борци на општина Тетово и резервните воени старешнини пред споменикот на народниот херој положија букети цвеќе. Иљо Антески Смок е роден 1919 година во Тетово. Обесен е во Тирана, на 17 мај 1943 година од италијанските окупатори откако претходно бил осуден на смртна казна за учество во анти-фашистичката борба. Храброста и одважноста на тетовскиот револуционер се гледа и последните мигови кога било одлучено тој да биде обесен. Кобниот ден заедно со Иљо Антевски Смок на смрт се осудени и неговите другари соборци: Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски.
Мой аккаунт