У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Ангеле Илиевски е адвокат на двајца од приведените демонстранти. Тој вели дека полицијата се однесувала брутално и дека апсела само за да пополни бројка.
„Јас сметам дека станува збор за полициска бруталност барем на тие што јас им бев адвокат. Се произнесоа дека при апсењето седеле или на асфалт или на тревник, така што и рацете им биле кренати, со цел да манифестираат мирен протест. Но очигледно е дека не се гледало кој ќе се приведе, туку само се гледало некоја бројка да се исполни. Е сега зошто? Ттоа е дека од повисоките органи ја добиле како наредба“, вели Илиевски за Цивил Медиа.