12.03.09 Македонското Хералдичко Здружение ја започна својата работа на 15.8.2003, со влегување во судскиот регистер за Здруженија на граѓани и фондации, како единствената организација од областа на хералдиката во Република Македонија. Цели на Македонското Хералдичко здружение се: 1.Популаризација на хералдиката, 2.Истражување на хералдичкото наследство во Македонија, 3.Изработка на грбови, знамиња и одликувања, 4.Оформување на хералдички регистер во кој ќе се заведуваат стари и нови грбови, и негово ажурирање, 5.Едукација од областа на хералдиката 6.Издавачка дејност. Македонското Хералдичко Здружение има секции за Генеологија, Сфрагистика, Фалеристика, Вексилологија, Нобиларистика и Шивалристика. http://heraldika.org.mk/