Thursday, 06 August, 2026г.
russian english deutsch french spanish portuguese czech greek georgian chinese japanese korean indonesian turkish thai uzbek

пример: покупка автомобиля в Запорожье

 

Мајката ја продала 8 годишната ќерка

Мајката ја продала 8 годишната ќеркаУ вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Мајката ја продала 8-годишната ќерка за да плати такси превоз а купувачот ја силувал Таксистот Б. И.(31) од Битола силувал осумгодишно девојче за да си наплати такси услуга. Злоставеното дете обилно прокрварело, а мајка и за да спречи крвта да тече во вагината на девојчето, ставила партали од алишта За да плати такси превоз мајка си ја продала осумгодишната ќерка на такси возач, кој сексуално злоставувајќи ја тешко ја повредил. Во грозоморниот чин се придружиле и нејзиниот татко и уште еден роднина. По силувањето од возрасните мажи девојчето почнало обилно да крвари. За да ја запре крвта мајка и, во вагината и ставила парчиња од алишта. Откако ни така крвта не престанувала да тече, од немајкаде мајката го пренела девојчето во охридскиот Медицински центар каде докторите извршиле хируршка интервенција. Под надзор на лекарите осумгодишното дете се наоѓа во тешка здравствена состојба. Триесетдневен притвор и кривична пријава за сторено кривично дело трговија со малолетно лице поднесе полицијата против Музафер Делировски (37) од Прилеп, кој се претставувал како татко на девојчето, а бил незаконски сопруг на нејзината биолошка мајка Надира Саид (31) од Скопје, потоа таксистот Бејкин Ибраимов (31) и роднината О.И. (27) двајцата од Битола. Грозоморниот настан, според истрагата на полицијата, се случил завчера на патот од Скопје кон Охрид. Такси возачот Бејкин и Орхан со такси возило "форд ескорт" со штипски регистарски таблички, откако претходно се договориле со Музафер, завчера пристигнале во Скопје. Тројцата се договориле да заминат на место викано Буково, во близина на Охрид, од каде требало да соберат старо железо за продавање. Со нив ги повеле и Надира со двете 8-годишни ќерки близначки и нејзиниот шестгодишен син. На патот кон Охрид, тројцата мажи пријавените застанале со возилото, па Музафер, Бејкин и Орхан едно од девојчињата го однеле недалеку од патот каде Бејкин сексуално се изживувал над детето. Додека девојчето молело за помош мајката си седела во автомобилот со останатите две деца. Откако го продолжиле патот, злоупотребеното девојче почнало обилно да крвари. Мајката не успеала да го спречи крварењето па заедно со невенчаниот сопруг го однеле девојчето во Општата болница во Охрид. Во истрагата полицијата открила дека мајката и претходно за пари девојчето му го предавала на Бејкин кој сексуално ја злоставувал, а последниот пат му го дала детето за да ја плати такси услугата. Се претпоставува дека несовесната мајка девојчето го продавала и на други мажи за да заработи пари или пак да подмири долгови. Се истражува дали истата судбина ја имале и преостанатите две деца.http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2F411C4436E89B4CA034F492D88EE3AD
Мой аккаунт