Од Конференцијата уште еднаш беше упатена реакцијата дека човековите права на Македонците се нарушени во сите соседни земји поради што преку Декларација се бара остварување на основните права и слободи на сите малцинства. „Ќе ги испратиме нашите забелешки до сите европски институции и ќе ги бараме човековите права не само за Македонците, туку за сите национални малцинства", изјави д-р Никола Костурски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција. На средбата присуствуваа претставници на Македонците од Албанија, Бугарија, Грција и Србија, а прв пат оваа година и претставници од Гораните од Косово. Претседателот на „Виножито" и уредник на весникот „Зора" вели смета дека македонските организации треба подобро да се организираат. „Не сме многу координирани македонските организации во светот. Треба да се состануваме почесто. Македонското малцинство во Грција воопшто не е признаено", вели Димитрис Јоану, член на претседателство на „Виножито", уредник на весникот „Нова Зора" во Грција. По бојкотот на пописот во Албанија Македонците кои живеат таму очекуваат фер и демократски попис. „За навистина да се претстави Албанија она како што е и колку и какви малцинства има, бидејќи ние сме граѓани на таа држава, плаќаме придонеси и очекуваме албанската држава да преземи сериозни мерки за да ни створи услови за ние да се изразиме како што сме и како Македонци", вели Ефтим Митревски, уредник на македонскиот весник Преспа во Албанија. Репресиите во Бугарија не стивнуваат со децении. „Од моја 13 годишна возраст сум зафатен со таа македонска борба. Сега имам 73 години. Постојано нас ни додеваат само дека се чувствуваме Македонци", вели Стојан Николов Ѓоргиев, копретседател на ОМО Илинден Пирин. Македонците кои се малцинство во земјите каде живеат бараат од Европската заедница педнаков третман на човековите права за сите малцинства.