Црвенковски: „Како расипани грамафонски плочи, едно те исто секој ден:
-Што направи СДСМ?
-Што изгради СДСМ?
Па еве уште еднаш да им одговорам:
-Социјалдемократскиот сојуз направи држава. Држава со сите нишани.Почнавме сами, без пријатели и помош од било каде. Со празна државна каса и милијарди долари наследен долг. Со војни околу нас , со затворени граници, со санкции на север и грчко ембарго на југ. И сето тоа го издржавме! Почнавме од нула, а им оставивме држава средена, држава стабилна, држава кандидат за членство во ЕУ!
-А што направивте вие господине Груевски во овие 6 години? Кој успех вие го постигнавте? Со што вие ќе се пофалите?
-Не прашувате што сме изградиле ние?
-Градевме ние господине Груевски многу повеќе од вас. Само не се фалевме со тоа. Не снимавме спотови и реклами, бидејќи сметавме дека тоа ни е работа, дека за тоа сме избрани.
Инвестиравме во проекти што ќе ги вратат парите и од кои корист ќе имаат и овие и идните генерации.
-Градевме автопатишта! Преку 130 км автопат во вредност од приближно 200 милиони евра!
А вие? За 6 години-само 7километри автопат.Тоа е вашиот срамен биланс!
-Градевме енергетски обејкти . Ја изградивме хидроелектраната Козјак во вредност од 173 милиони долари.
-Ја градевме ходроелектраната Св.Петка. До таму до каде што ви ја оставивме пред 6 години- до таму е и денес!
-Градевме гасовод.Тоа што е направено се е од времето на СДСМ.
-Во овие шест години ваша преродба еден скршен денар не е инвестиран во енергетиката! Затоа увезуваме струја, затоа граѓаните и стопанството плаќаат се поскапа електрична енергија!
-Гледам дека ве боли вистината, ве погодуваат овие факти, што овие денови јавно ги соопштивме!
-Па се обидувате да фатите каков --таков приклучок! Демек не само СДСМ, туку и Владата на ДПМНЕ од 98ма до 2002ра учествувала во изградбата на овие проекти!
Аман Никола! На тоа ли дереџе спадна? Сега зад Љубчо Георгиевски и Ламбе Арнаудов да се криеш? Па нели се откажуваше од нив, нели се срамеше од нив? Толку ли ти се катастрофални овие твои шест години, па ке мораш на времето на Љубчо да се вадиш?
Гледам јас како си тргнал дека на крајот и со Даравелски ќе почнеш да се фалиш!!
Вчера ве слушам, од што не знаете што друго да кажете не прозивате за толерирање на криминалот на Бајруш Сејдиу во Куманово!
Па заборави ли Никола дека ти беше премиер, а Јанкуловска министер кога на денот на полицијата во 2007ма му дадовте благодарница на Бајруш за одличната соработка со МВР? На која соработка му благодаревте Никола? Кој бизнис го делевте? И на крајот --кај кој бизнис не се разбравте па решивте да го апсите?"