У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Репортажа за Осоговски Планини. Осоговските Планини се висок и громаден планински масив кој доминира во источниот дел на Република Македонија. Расположен е помеѓу Славишката Котлина на север, Кумановската Котлина на северозапад, Пробиштипско-Злетовскиот басен на запад, Кочанската котлина на југ, Пијанец на југоисток и Струмскиот басен со Ќустендилската Котлина на исток на територија на Република Бугарија.