У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Говорник: г. Александар Бичиклиски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Датум: 09.12.2012 Почитувани, Зоран Заев продолжува со грубата партизација во општина Струмица. Непосредно пред локалните избори, Јавното Претпријатие за комунална дејност "Комуналец" распишува јавен оглас број 05 /2012 објавен во дневните весници, со кој што се предвидува вработување на 40 лица на неопределено време. Очигледно праксата на Заев, за која слушнавме пред две години во Валандово се спроведува на дело. Освен што тогаш се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, Заев говореше и дека доколку сакаат да бидат на власт ќе влезат тимски, односно од хигиеничар до министер, во секој ресор во државата. Тоа како што кажа самиот е пракса која се применува секаде каде што СДСМ има свои градоначалници. Сега Зоран Заев повторно тоа го потврди. Распиша конкурс за вработување на 40 лица во само едно ЈП. Што е тоа ако не груба партизација? И друг пат Заев има јавно изјавено дека предност при вработување во Струмица имаат членовите на СДСМ. Тоа е нечесно за граѓаните на Струмица и доколку Заев има барем ронка доблест и како што вели е убеден во својата победа мора веднаш да го повлече јавниот оглас. Во спротивно тоа ќе значи дека непосредно пред изборите се обидува да протурка вработувања на над 40 свои партиски војници кои треба да му одработат за кампањата, свесен дека можеби после локалните избори нема да биде повеќе во можност да вработува. Овој пат нема да може никој да го аболицира од политичката одговорност за неговата груба злоупотреба на функцијата градоначалник На граѓаните на Струмица им е доволно од канибалистичките закани на Заев. На граѓаните на струмица им е доволно од тоа некој да ги дели на членови на СДСМ од една и сите останати граѓани од друга страна.