Ѓорѓи Велјановски: Ме претепа болничкото обезбедување од прилепската болница !
У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Ѓорѓи Велјаноски пациент на невропсихијатриското одделение од Општата болница „Борка Талески" во Прилеп тврди дека без никаква причина денеска бил претепан од припадник на болничката служба за обезбедување.
- Денес кај мене дојде мојата 14 годишна ќерка со намера заедно да појдеме во средното медицинско училиште кое се наоѓа веднаш до прилепската болница каде што требаше да и помогнам да се запиши со цел да го продолжи своето средно образование, започна да ја раскажува Ѓорѓи денешната случка која што му се случила во болницата во Прилеп.