Ова е мала најава за албумот кој што треба да го очекувате. Кога? Не знам, ама ќе биди...Важно слушнете ја песната...
Текст:
Повторно на местото каде се почна.
Затоа ќе ја кажам вистината точна.
Ова е за денешната ситуација...
Строфа 1
И денес остана само, да си го браниш дворо.
Никој на никој не верува, се е споро.
Од ново, почнавме пак по старо.
Ние само кафе пиеме,а ни се менува градо.
Од цело тоа стадо, останавме само овците.
Па оти не бричат или зошто молчиме?
Толчиме, шмркаме, пиеме, се бркаме.
А сепак меѓусебе си викаме, нема фрка бе.
Зошто збрка е, за живот трка е, а не сме мрднале.
Од ова куртон место, па што сврха е?
Е то се дешава често, па сега на црта е, опстанокот.
И дури стигна притсокот да ни е, исто колку данокот.
Малиот 80, големиот 120, еднаш чоек ти напрај се.
Но тогаш си викаш другите кај се?
Ама кој ги еба другите, оние што ги бројат услугите?
а бе колку вие се губите...
Можи се губам и јас, но барам и спас.
Давам и глас, но не на избори. Овај никогаш,
Ко харитја нема да изгори. Од блиски извори,
Знам дека многу сомнежи, копнежи, некои и подоцнежни.
Важно еден ден, сето то, ќе ни натежни.
Реф: х6
Кур ме боли, кур ме боли,
кур ме боли, зад ова кој стои.
Строфа 2
А денес треба и два пати чоек да се праша.
Оти нон-стоп е во каша? Ради (ради) самиот себе или други?
Принудени будали еднакво на среќни слуги.
Туѓи идеали, празни се градските мали.
Свеж воздух фали, а уствари, то се пари.
Кој воздух, кој бе на тоа уште се пали, кажи ми дали,
Некаде си видел, Некој за воздух да рекетари?
Другари... Другарство и единство, не е исто.
И јас наоѓав во тоа смисол, ми беше многу блиско.
Ме издигна од многу ниско, но појака е гравитацијата.
Со оглед и на тоа која ми е нацијата, плус ситуацијата.
Не дозволува метафори, зошто под ноѕе гори.
Колку сме добри, но во лошите работи,
Да го продајш брат ти, само да не се заработи.
И послем оти толкава сиромаштија, не преплашија.
Зошто немаме заштита, од непогоди економски.
Тука изгледа освен Бог, никој нема да ти прости.
Секој последици ќе сноси.
Секој ќе осети глад.
Секој ќе има можности.
Но секој ќе остани сам...Затоа... х2
Реф: х6
Кур ме боли, кур ме боли,
кур ме боли, зад ова кој стои.
-Video Upload powered by https://www.TunesToTube.com