ПРЕВЕНТУС во емисијата За животот-24 ВЕСТИ 3 дел 20-11-2012
У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
„Моември" („Movember" -- кованица на зворот мустаќи и месецот „Ноември") е годишен, едномесечен настан на кој доброволно учествуваат мажи кои одгледуваат мустаќи во текот на месец ноември, за да се подигне свеста за ракот на простата и други видови рак кај мажите. Кампањата „Моември" започнува да се организира уште во 2004 година во Австралија и Нов Зеланд, а во Македонија за прв пат се организира оваа година во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните „ПРЕВЕНТУС" Скопје. Прашањата поврзани со машкото здравје кои секојдневно стигнуваа на нашиот портал Превентус.мк, повеќето во поодмината фаза од болеста, ни посочија дека мажите во Македонија многу малку се грижат за своето здравје и посетуваат лекар, што уште повеќе не поттикна да организираме вакава кампања и воедно повеќе да дадеме акцент на машкото здравје